Вести
Утрото топло, попладне дожд и ветер
Минималната температура во целата земја е над нулата и се движела од четири до 11 степени. Најтопло било во Демир Капија со измерени 11 степени, а најниската температура во Струмица, Прилеп, Крушево и Маврово четири степени.
Во Скопје на Зајчев Рид, Лазарополе и Ѓуриште се измерени пет степени, шест во Берово и Претор, седум во Тетово, Пожаране и Тополчани, осум во Виница, девет во Гевгелија и 10 во Битола, Дебар, Дојран, Крива Паланка, Охрид и Штип.
Дожд најмногу наврнало во Лазарополе 19 литри на метар квадратен во Маврово 18, во Дебар 16, во Пожаране 10, девет во Охрид, седум во Тетово и Претор, шест во Крушево, пет во Прилеп, четири во Дојран, три во Берово, Ѓуриште и Тополчани и еден во Скопје Зајчев Рид, Битола, Штип, Д.Капија, Виница, Струмица и Гевгелија.



