Актуелно
ЕВРОПОЛ: Рекорден број терористички напади во ЕУ во 2015 година
Европската полициска агенција Европол денеска соопшти дека во 2015 година е забележан рекорден број на планирани, спречени и извршени терористички напади во земјите членки на Европска унија, при што најголем број пријавила Велика Британија.
Во извештајот на Европол се наведува дека минатата година се регистриани 211 спречени или извршени терористички напади, што е најголема бројка од 2006 година кога почна да се води оваа евиденција, јави Би-Би-Си.
Од оваа бројка, вкупно 103 се случиле во Обединетото Кралство, од кои поголем дел во Северна Ирска.



