Вести
Дваесет и четири годишно момче загина во сообраќајка на автопатот Неготино-Гевгелија
Дваесет и четиригодишно момче загина во сообраќајка утрово на автопатот Неготино-Гевгелија. Како што информираше за МИА Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, сообраќајната несреќа се случила околу 3.30 часот, кај местото викано Арсова Лака.
– Во незгодата учествувале патнички автомобил марка “сеат леон” со неготински регистарски ознаки управуван од 24-годишниот С.Ј од Неготино и патнички автомобил “мерцедес” со скопска регистрација, управуван од 65-годишниот Ѓ.Ч од Скопје, соопшти Додевски.
Возачот на сеатот починал на лице место, а возачот на мерцедесот со тешки телесни повреди бил префрлен во Општа болница Кавадарци.



