Вести
Загаден воздухот во Скопје, од попладне се очекува расчистување
Воздухот во Скопје утрово загаден. Концентрациите на ПМ10 честичките измерени од мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирани се движат од 129 во Гази Баба, 142 во Центар, 167 во Карпош, 172 кај Ректорат и 230 во Лисиче.
Според мерењата во Скопје воздуот е загаден од 6-ти овој месец во попладневните часот. Концентрациите на ПМ10 честичките оттогаш се над дозволеното од 50 микрограми на метар кубен и достигнуваат вредности и од 200 микрограми до над 600 микрограми. Најзагадено во овој период било во Лисиче каде синоќа во 22 часот се измерени 642 микрограми на метар кубен.
Според метеоролозите за попладне е најавен засилен јужен ветер кој може да доведе до расчистување.



