Актуелно
Дванаесет приведени во синоќешните протести
Дванаесет приведени и еден повреден новинар е билансот од протестите што се одржаа синоќа пред и во близина на Народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов во Скопје, во организација на граѓанската иницијатива „Протестирам“, потврдија за МИА од МВР.
Според очевидци, во нередите што се случија има и други повредени, меѓу кои и еден фоторепортер.
Демонстрантите синоќа ја демолираа Народната канцеларија на претседателот Иванов во центарот на Скопје. Искршени се прозорците и мебелот од канцеларијата, а оштетена е и зградата на Министерството за правда.


![12990932_10209505854462044_209067375962799897_n[1]](http://www.popularno.mk/wp-content/uploads/2016/04/12990932_10209505854462044_209067375962799897_n1-1.jpg)

