Вести
Две лица повредени при пад и лизгање на Попова Шапка
Седумнаесетгодишно момче рано изутринава се здобило со тешки повреди кога се лизнало од карпа на Попова Шапка, додека вчера таму при пад во дол се повредила и една 34-годишна жена. Лицата на лекување во Скопје биле префрлени со хеликоптер.
Полицијата соопшти дека рано изутринава во 1:35 часот во Полициската станица Попова Шапка, Д.Б. од Скопје пријавил дека во 1:15 часот телефонски му се јавил планинар кој со уште тројца планинари се движеле кон Титов Врв, при што кај м.в.„Бакардан“, се случило несреќа во која 17-годишно лице од Скопје, се лизнало од замрзната карпа и се здобило со повреди и е во тешка здравствена состојба.
По ова се правени обиди телефонски да се стапи во контакт со групата, но на телефонските броеви со кои се располагало, врска не можела да се воспостави, најверојатно поради мрежна непокриеност на просторот.



