Вести
Две лица повредени при пожарот во Кулата Трамп во Њујорк (ВИДЕО)
Две лица се повредени, од кои едниот посериозно во пожарот што денеска изби Кулата Трамп. Огнот е изгаснат за еден час, јавија американските медиуми.
Во инцидентот полесно е повреден еден пожарникар, додека вториот повреден е во животна опасност. Тој е вработен во една од компаниите, чие седиште се наоѓа во Кулата Трамп.
– Станува збор за мал пожар предизвикан од дефект во електричната инсталација, изјави синот на американскиот претседател Доналд Трамп, Ерик.



