Вести
ПРАГОТ НА ЗАГАДУВАЊЕ НАДМИНАТ: Активирани мерките против аерозагадувањето во град Скопје
Владата на Република Македонија, почнувајќи од денеска ги активира мерките за ублажување на последиците од аерозагадувањето во градот Скопје.
Од владината прес-служба информираат дека мерките се активираат по добиените информации дека квалитетот на воздухот последователно два дена е надминат над дозволеното, односно над 200μg/m3 на мерните станици во Град Скопје односно мерните станици Лисиче и Ректорат.
Министерствата за животна средина и просторно планирање и за здравство се должни да ги oслободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, лицата со хронична астма, лицата со прележан инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, да се реорганизира работното време, лицата на отворено да работат од 11 до 17 часот, да ја спроведат забраната за одржување на спортски натпревари и други манифестации на отворено, да обезбедат услови за зголемени активности на службата за брза помош, домашната посета и патронажната служба.



