Актуелно
Две лица повредени во сообраќајка кај Тетово
Ј.Д. (36) и З.И. (44) од Скопје се здобиле со сериозни повреди во сообраќајната несреќа што изминатата ноќ околу 3 часот се случила на регионалниот пат Тетово-Групчин спроти бензинската пумпа „Петрол-компани“ информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според него, двете лица биле во патничко возило „БМВ“ со скопски регистерски таблици што загубило контрола, излетало од патот, неколку пати се превртело и завршило во блиската нива.
– Од излетувањето и превртувањето двајцата задобиле сериозни повреди и со возило на Брза помош и друго возило пренесени се во тетовската клиничка болница, а по укажаната лекарска помош итно се испратени на скопските клиники. По овластување на јавен обвинител извршен е увид на местото на излетувањето и се утврдуваат причините и се друго поврзано со несреќата. Првично причина е неприлагодена брзина според условите на патот додека вкупната материјална штета се проценува на 300 илјади денари, изјави Јосифовски.



