Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Две момчиња претепани во Охрид

Актуелно

Две момчиња претепани во Охрид

Две момчиња, К.Р. од Охрид и Т.Н од село Љубаништа, се претепани рано утрово во угостителскиот објект „Кадмо“, соопшти полицијата. Случајот го пријавила Ј.Ф.(1990) од Охрид која заедно со нив и со Д.Ј., исто така од Охрид, ноќеска дошлa во локалот.

Според Ј.Ф., Т.Н се качил на маса и играл, по што влегле две непознати лица облечени во црни маици со натпис „Кадмо“ кои го фатиле за кошула и го извлекле надвор. Веднаш потоа неколку лица физички го нападнале К.Р. удирајќи го со раце и нозе по главата и телото, а насилно ја исфрлиле и неа надвор од објектот. Потоа, со возило кое го управувала Д.Ј., а во кое К.Р. паднал во безсознание, момчињата се префрлени во охридската болница.

СВР-Охрид презема мерки за расчистување на случајот.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.