Актуелно
Се уште неизвесна судбината на Хрватот киднапиран во Египет
Судбината на 31-годишниот хрватски државјанин Томислав Салопек, кој на 22 јули беше киднапиран во Египет од припадници на египетскиот огранок на џихадистичката група Исламската држава, останува неизвесна и покрај напорите на Загреб и Каиро за решавање на оваа тешка ситуација, јави Танјуг.
Египетските власти ја интензивираа потрагата по Салопек, во која се вклучени и хеликоптери од типот „Апачи“, а безбедносните сили претресоа неколку локации, кои важат за упоришта на терористите.
Хрватскиот весник „Јутарњи лист“ објави дека егитеските сили претресле повеќе локации во градовите Шеик Зувеид, Рафах и Ариш, во обид да го откријат местото на кое џихадистите го држат Салопек.



