Актуелно
ДЗЛП: Најмногу злоупотреба на личните податоци на социјалните мрежи
Бројот на претставки за нарушување на приватноста во Македонија во 2014 година изнесува 371 од кои 331 од физички лица, 36 од правни и четири од анонимни подносители. Најмногу претставки се поднесени за нарушување на приватноста на социјалните мрежи. Во 2014 бројот на претставки е поголем за четири пати во однос на 2009 година. Од претставките 89 проценти се поднесени од граѓани.
Ова денеска беше истакнато на меѓународната конференција, за едукативниот пристап кон предизвиците од заштита на приватноста која е со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и одбележувањето на 10-от роденден на Дирекцијата за заштита на лични податоци (ДЗЛП).
Директорот на ДЗЛП Димитар Ѓеорѓиевски истакна дека резултатите за досегашното работење на Дирекцијата покажуваат оти се наоѓа на вистинскиот пат.



