Вести
ДЗС: Активни пожари во Чашка, Македонски Брод и Маврово Ростуше
Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека во 12 часот се регистрирани активни пожари во општините Чашка, Македонски Брод и Маврово Ростуше. Ангажирани се два авиона, хеликоптери, 40 лица преку ДЗС во содејство и координација со „Македонски шуми“, како и месно население.
Во Општина Чашка пожарот е кај селото Богомила, месноста викана Бела Вода и Урбанци, село Дреново. Пожарот е на непристапен терен за гасење. Ангажирани се авионите на Дирекцијата за заштита и спасување и тој е локализиран. Авионите се упатени во селото Таор каде гори мешана шума.
Кај Македонски Брод пожарот е околу селото Калуѓерец и месноста Сува Гора кај селото Волче, каде гори запалена сува трева и лисната постилка од борова шума.


