Вести
Еден загинат, еден тешко повреден, 22 сообраќајки викендот во Скопје
Мотоциклист загина, велосипедист е тешко повреден, а 16 лица се здобиле со лесни телесни повреди во 12 од вкупно 22 сообраќајни незгоди евидентирани изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје.
Сообраќајната полиција регистрирала и санкционирала 105 возачи за пречокорување на дозволената брзина. Од сообраќај се исклучени 41 возач, четворица за возење под дејство на алкохол, 33 пред да се стекнат со право на управување моторно возило, како и четворица почетници.
Од 27. возила исклучени од сообраќај, две биле технички неисправни, а 25 нерегистрирани.



