Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Еден загинат и четворица повредени во сообраќајка кај Струга

Актуелно

Еден загинат и четворица повредени во сообраќајка кај Струга

Едно лице загина, а четири се повредени во сообраќајна незгода што синоќа се случи на регионалниот пат Охрид – Струга во близина на Еврохотел.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информира дека незгодата се случила околу 20 часот кога патничко моторно возило „Фијат караван“ од засега непознати причини излетало од патот.

–  Едно лице родено 1986 година од Кичево го загуби животот. едно е префрлено во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“ во Охрид, а три во Струшката болница, изјави Димоски.

Од Болницата во Струга информираат дека две од повредените лица по укажаната помош веднаш биле пуштени на домашно лекување, а едно е препратено во специјалната  болница „Свети Еразмо“.

Увид вршеше јавен обвинител во присуство на полициски екипи од сообраќајната полиција во Струга. Полицијата ги утврдува причините поради кои дошло до излетување на возилото од патот

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.