Актуелно
Едно лице загина, а две се повредени во вооружен инцидент во Куманово
Едно лице загина, а две се повредени во вооружен инцидент што околу 15:30 се случи во кумановската населба Бедиње, потврди полицијата.
Кумановската полиција попладнево излезе со првични информации за убиството. Портпаролката на СВР Куманово Валентина Николовска, изјави дека во 15:30 часот во населбата Бедиње се случил вооружен инцидент помеѓу две групи.
– Едното лице е починато, едно е повредено и поради сериозноста на повредите пренесено е во Ургентниот центар во Скопје, а едно е задржано во кумановска болница, рече Николовска.


