Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Едно лице загина во сообраќајка кај Демир Капија

Актуелно

Едно лице загина во сообраќајка кај Демир Капија

Министерството за внатрешни работи соопшти дека сообраќајната несреќа утрово околу 6 часот на автопатот Скопје – Гевгелија кај клучка Демир Капија се случила откако патничко возило „ситроен берлинго“ со  српска  ознака излетало од коловозот.

Возилото било управувано од М.К.(40), кој изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот, при што на самото место од добиените тешки повреди починала Миланка Б.(63).

Во несреќата се повредени А.К.(38), дете од три години и 9-месечно бебе. По укажаната лекарска помош во Велес тие со возило на брзата помош биле префрлени во Клинички центар Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Велес и се преземаат мерки за утврдување на причините кои довеле до сообраќајната незгода, информира МВР.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.