Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Матурантите подобри од лани: Просечната оценка е 3,37

Актуелно

Матурантите подобри од лани: Просечната оценка е 3,37

Просечната оценка од полагањето државна матура за 2014/2015 во јунската сесија, по сите предмети и во сите средни училишта во Република Македонија, е 3.37 и е повисока  во однос на минатата учебна година кога средниот успех беше 3.11.

Директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ) Мируше Ахмети денеска на прес-конференција ги соопшти прелиминарните резултати од осмата државна матура од полагањето во јуни, според кои има подобар успех по сите предмети од испитот.

По предметот мајчин јазик и литература средната оценка е 3.47 и е повисока од полагањето во 2014 (2.99); математика е 3.19 и е подобра од минатата година  (3.04); англиски јазик 3.10 (лани 2.88); кај другите три странски јазици има, исто така, повисок просек 3.54, наспроти 3.43 во 2014.

За разлика од минатите години кога и во прелиминарните резултати беа објавувани просечните оценки за постигнувањата за секој јазик одделно, ДИЦ денеска ги соопшти вкупните просеци за мајчините јазици (македонски, албански и турски) и за странските јазици освен англиски  (француски, германски и руски).

Кај другите предмети средните оценки се: филозофија 3.67; естетика 3.81; бизнис 3.43; хемија 3.50; биологија 3.64; физика 3.44; историја 3.52.

– Најмногу што не радува нас, МОН и ДИЦ, е тоа што имаме нагорна линија и на успехот по математика, што е и една од политиките на Владата на РМ и на МОН, рече Сафет Незири, советник на министерот за образование и наука.

Прелиминарните резултати ќе бидат објавени на 14 јули во 12 часот кога почнува и рокот за поднесување приговори кој ќе трае три дена. Тие што ќе имаат забелешка од резултатите треба да се обратат кај предметните комисии во училиштата и приговорите да ги поднесат во писмена форма.

На државната матура во јуни биле пријавени 52.090 кандидати по сите предмети, на тестирањата учествувале 49.861, а отсуствувале 2229.

За кандидатите кои отсустувувале во јуни, кои не ја положиле или не во целост, наредната сесија ќе се реализира од 17-ти до 20 август 2015.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.