Актуелно
Епидемиолошката состојба во Тетовско стабилна
Епидемиолошката состојба во Тетовско е стабилна. Континуирано се преземаат сите противепидемиски мерки од страна на надлежните установи и нема појава на заразни заболувања, соопшти Министерството за здравство.
Според резултатите од испитувањата во Тетово, каде што е воспоставена континуирана дезинфекција на градската водоводна мрежа, и во населените места Лешок и Непроштено, водата за пиење е исправна, додека во останатите рурални подрачја зафатени со поплавите, водата е неисправна и забранета за пиење.
