Актуелно
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево и потопло, заладување од следниот викенд
Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Попладне во западните и југозападните делови од земјава ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 20 степени, а дневната од 30 до 37 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 35 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.



