Вести
ЕВРОПСКИ ЦЕНИ ПРЕД „ФИЛИП ВТОРИ“: Безалкохолно пиво за 250 денари, семки за 150 денари
Полека се привршуваат и последните детали пред вечерашниот меч меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед во рамките од УЕФА Супер купот.
Строгите правила за организација на овој настап кој ги делегира Европската фудбалска федерација (УЕФА). Воедно УЕФА ги одобрува и сите дозволи за работа на објектите во близина на Националната Арена „Филип Втори”.
Љубителите на фудбалот кои ќе присуствуваат на вечерашниот меч ќе имаат можност да обезбедат и сувенири, маици и други реквизити кои ќе се продаваат на специјално определени и бренирани штандови.



