Сцена
Камила Кабељо настапи на финалето од Лигата на шампионите, а потоа се пожали на навивачите: „Бевте непристојни“
Пејачката Камила Кабељо синоќа подготви сензационален настап за време на финалето од Лигата на шампионите каде во смел бел аутфит повторно покажа дека не ги крие своите облини.
Настапот на Камила на крајот беше поздравен со аплауз и овации од страна на публиката, но пејачката се пожалила на Твитер дека не било се така сјајно.
-Повторно го гледав мојот настап и не ми се верува дека фановите толку гласно ги пееја химните на нивните клубови додека настапував. Јас и мојот тим неуморно работевме долго време за да ви приредиме шоу и да донесеме позитивна енергија – напиша пејачката Камила Кабељо (25) на Твитер.





