Актуелно
ФОТО КОНКУРС: #ДелувајСега, испрати фотографија и освој вредни награди
Пред претстојниот самит во Париз, каде владини претставници од 196 земји ќе се состанат за да креираат нов глобален договор за климатски промени, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Француската Амбасада во Скопје и Министерството за Животна Средина и просторно планирање, се здружија за да го лансираат фото конкурсот на социјалната мрежа Фејсбук, со цел да се подигне свеста за ефектите кои ги имаат климатските промени.
#ДелувајСега! е отворен повик за сите македонски граѓани, повикувајќи ги да ги искористат своите фотографски вештини за да ги уловат односно да ги фотографираат ефектите на климатските промени.
Кандидатите ќе имаат можност да учествуваат на било која од следните десет категории:



