Актуелно
Голем шумски пожар кај велешките села Чолошево и Дурутовец
Голем пожар беснее во атарот на селата Челошево и Дорутовец, информираат од Противпожарната единица (ППЕ) во Велес.
Пожарот кај нив бил пријавен попладнево во 14 часот и 40 минути кога на терен заминале две екипи со три противпожарни возила на ППЕ, како и екипа на ЈП Подружница Шумско стопанство „Бабуна“ од Велес.
