Актуелно
ФОТО: Силно невреме во Прилеп, Штип и Тетово
Насловната фотографија е преземена од ТВ Орбис
Во попладневните часови подрачјето на Пелагонија беше зафатено од силно невреме. Во Прилеп и северниот дел од Пелагонија, Долнени имаше интензивни поројни врнежи од дожд, силни електрични празнења и ветер, а според радарските слики можна е и појава на град.
– Во моментов интензивни процеси има во битолскиот дел од Пелагонија и во Штип, каде има силни електрични празнења, интензивен пороен дожд и силен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи.


