Вести
ФОТО: Спомен цвеќе пред СЦ „Борис Трајковски“
Единаесет години по трагичната несреќа во која го загуби својот живот, Претседателот Борис Трајковски се уште претставува инспирација – личност на која со гордост се сеќаваме и чие дело го славиме.
Во негова чест, пред најголемиот спортски комплекс во државата кој воедно го носи неговото име, беше поставено спомен цвеќе во чест на неговиот живот и дело.
Пред споменикот на Претседателот Трајковски на платото пред СЦ Борис Трајковски, покрај Директорот Златко Перински, почит оддадоа и Претседателот на Советот на Општина Карпош, г-дин Сашо Лазаревски, Директорот на Агенција за млади и спорт, г-дин Марјан Спасески, претставници на РК Металург, претставници на Спортското радио, претставник на Фондацијата „Борис Трајковски”, како и Претседателот на Сојуз на спортови на Македонија, г-дин Борче Боев.




