Актуелно
ФОТО: Тројца загинати во сообраќајката кај Куманово
Насловната фотографија е преземена од Фејсбук
Три лица загинаа во тешката сообраќајна несреќа што се случи попладнево во Куманово.
Според првичните информации на СВР Куманово, автомобил „БМВ“, по 17 часот, движејќи се од населбата Бедиње кон Куманово, изгубил контрола, излетал од улицата „11 Ноември“, се превртел и паднал од мостот над автопатот по кој се движела цистерна.



