Актуелно
ФОТОГАЛЕРИЈА: На локалитетот Скупи откриена статуа од 2 век
Археолозите кои го истражуваат скопскиот локалитет Скупи вчера откриле редок артефакт од 2 век наша ера – статуа во облик на обезглавена женска фигура, со која е покриен гроб за кој се претпоставува дека е од доцната антика, 4-5 век.
Статуата веројатно е донесена од друг локалитет, извадена како предмет од некој постар објект (сполија), подоцна реупотребена како покривен елемент – капак на саркофаг на гроб вкопан во оркестрата во Скупи.
Таму е во тек трета фаза од истражувањето, кое треба да резултира со реконструкција на театарот и гледалиштето со 10.000 седишта, што се очекува да заврши во 2017 година.






