Вести
ОПШТИНА ЦЕНТАР: Споменикот на Ќосето беше дивоградба (ФОТО)
Во врска со отстранувањето на споменикот на Андон Јанев Ќосето од пред Врховниот суд во Скопје, општина Центар денеска соопшти дека по детално испитување на фактичката состојба, нивните надлежни служби донеле решение дека се работи за дивоградба.
При увидот на овластениот градежен инспектор на општина Центар, како што се наведува, е констатирано дека спомен обележјето не е поставено на одобрената микро локација и издаденото решение од страна на град Скопје.
Од општината посочуваат дека одлуката за подигање на спомен обележје на Андон Јанев Ќосето ја донел тогашниот Совет на општина Центар на 28.12.2012 година и тука е направено и основното прекршување на законот, бидејќи во член 1 стои дека одлуката се носи заради одбележување на делото и оддавање почит на македонскиот комита и револуционер од илинденскиот период.



