Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Гевгеличани кажаа „не“ за отворање рудници за злато

Вести

Гевгеличани кажаа „не“ за отворање рудници за злато

Гевгеличани на вчера спроведениот референдум се изјаснија против отворање рудници за злато на планината Кожуф.

Од запишаните 19.459 гласачи, заклучно со 19 часот гласале 13.384 граѓани односно 68 отсто од општинското гласачко тело, соопшти синоќа по умирањето на резултатите Митко Дојчинов, член на ОИК Гевгелија.

Против отворањето рудници за злато на Кожуф се изјасниле 13.097 граѓани,154 биле за, а 133 ливчиња се прогласени за неважечки.

Според конечните резултати од гласањето, жителите на општина Гевгелија со огромно мнозинство донесоа одлука за заштита на животната средина и ја обврзаа општината да не дозволи отворање на рудници за злато на територијата на општина Гевгелија.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.