Актуелно
Град Скопје ги пориби водите на Вардар
Во организација на Град Скопје, Македонската риболовна федерација, Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, Државениот земјоделски инспекторат и Министерсвото за животната средина и просторно планирање, денеска во водите на реката Вардар, кај хотелот Александар Палас, беа пуштени 1.500 парчиња македонска ендемична пастрмка (Salmo macedonicus Karaman,1924).
Одделението за туризам, при Секторот за ЛЕР, во своите – Програми за развој на туризмот и подобрување на условите за престој на туристите на градот Скопје од 2008, до 2016 година, ја предвидува и реализира -Активноста-Порибување на водите во Р. Македонија, односно водите на реката Вардар и Треска и езерото Матка.
Целта на проектот е да се овозможи заштита на македонската пастрмка и вретенарот, а со тоа и зголемување на бројноста на популацијата во течението на реката Треска, вклучувајќи ги и акумулациите Матка, Св.Петка и Козјак. Доколку ова не се направи постои реална опасност засекогаш да се изгубат овои специфични видови риба, наше природно богатство и наш симбол.



