Актуелно
ОД УТРЕ ПЕКОЛНИ ГОРЕШТИНИ: Живата на термометарот ќе се искачи до 40 степени!
Од утре до недела, подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ, а температурите ќе се движат во интервал од 35 до 40 степени Целзиусови.
Значителен пораст на температурите се очекува во петок и во сабота, кога постои можност целата територија на државата да биде зафатена со температури од портокалова фаза, за што Министерството за здравство најави дека во континуитет ќе информира со соодветни препораки за заштита од топлото време.
Во текот на утрешниот ден, само југоисточниот регион ќе биде зафатен со топлотен бран од жолта (алертна) фаза. Овој регион ги опфаќа градовите Гевгелија, Кавадарци, Демир Капија, Штип, Радовиш, Струмица, и околните градови и населени места, каде што се предвидуваат температури повисоки од вообичаените за овој период од годината.


