Актуелно
Град Скопје ќе додели по 3.000 евра за семејствата на загинатите во невремето
Советот на Град Скопје на денешната вонредна седница донесе одлука на семејствата на жртвите од невремето кое го зафати синоќа скопскиот регион да им биде исплатена еднократна парична помош од 180 илјади денари.
На седницата која започна со едноминутно молчење за загинатите во невремето, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски ги презентира мерките и активностите преземени од градските власти за справување со последиците од елементарната непогода. Тој истакна дека најпогодена од невремето е општина Гази Баба каде има 20 жртви, а штети се пријавени и во општините Кисела Вода и Аеродром.
– За дваесетина минути наврнаа 93 литри на метар квадратен. Тоа е како водена бомба да падна врз градот Скопје. Дождот затече многу луѓе на поле, на пат и на обиколницата…Невремето однесе дваесетина жртви. Сочуствуваме за загинатите и се надеваме дека нема да има нови жртви, рече Трајановски.



