Вести
Груевски го враќа мандатот – Иванов треба да го избере новиот мандатар
Груевски денеска треба да го врати мандатот кај претседателот на државата Ѓорге Иванов.
Иако во Уставот не е детално прецизирано, Иванов ќе има рок од десет дена да му го даде мандатот на друг мандатар односно или ќе се определи за друг член на ВМРО-ДПМНЕ, повикувајќи се на политичкиот преседан направен во 1992 година, или ќе му го даде на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, како втора партија по освоени пратенички места.
Новиот мандатар ќе има нови 20 дена за да ја состави новата влада, што според роковите би било во средината на март.



