ЗАЕВ ЗА „КУРИР.РС“: Првата девојка ја имав во Горњи Милановац, а првите милиони ги заработив продавајќи пипер
Македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за српскиот портал „Курир.рс“ откри детали од неговиот приватен живот, како и првата заработка преку продажба на, верувале или не, пиперки.
„Шефот на Владата на Северна Македонија има биографија за која повеќето политичари – не само од Балканот – можат само да сонуваат. Во една исповед за Курир, тој објаснува како отишол од продавач на лубеници до најважната позиција во земјата, каков однос има со неговите родители денес, како го заработил својот прв милион и зошто понекогаш сака да бега сите на мотор“, пишува во интервјуто на Курир.
Тој во ексклузивното интервју појаснува како неговата младост и детство се поврзани со Србија.


