Вести
Заев очекува Иванов да му додели мандат за формирање влада
Лидерот на СДСМ Зоран Заев очекува претседателот Ѓорге Иванов да му го додели мандатот за формирање нова влада. Според него, сите поинакви опции ќе значат кршење на Уставот и злоупотреба на функцијата. Убеден е дека ќе формира парламентарно мнозинство и вклучително влада.
– ВМРО-ДПМНЕ синоќа на полноќ и официјално ја изгуби можноста да формира влада. Јасно и за домашната и меѓународната јавност е дека веќе 50 дена од денот на изборите граѓаните избраа промени и оти неопходно е да се формира влада што ќе ја одразува мнозинството волја на сите граѓани. На Република Македонија и е потребна влада што ќе ги обединува граѓаните наместо да ги дели. Потребна е стабилна и одговорна влада која ќе го подобри квалитетот на живот на сите луѓе во државата и ќе води реални политики. Влада што ќе ги обезбеди стратешките интереси на граѓаните и на Македонија, а тоа се придвижувања кон евроатлантските интеграции, истакна Заев.рече денеска на прес-конференција лидерот на СДСМ.
Тој додаде дека се подготвени и целосно посветени на формирање влада која ќе ги спроведе реформите предвидени во Догоровот од Пржино и итните реформски приоритети констатирани во извештаите на Прибе и на Европската комисија. Тоа, според него, ќе обезбеди владеење на правото и поставеност на институциите исклучиво во служба на граѓаните.



