Вести
Груевски: Македонија била таргет на снимање на разговори
Во изминатиот период Македонија била таргет на снимање телефонски разговори на странска разузнавачка служба, потпомогната од нивни соработници во Република Македонија.
Снимениот материјал се преведувал на англиски јазик и се испраќал кај нарачателот. Некаде кон средината на 2014 година за овие материјали се информира и лицето Зоран Заев со цел да бидат објавени во јавноста и да биде исполнета одредена цел на тајната странска служба, која е нарачател и финансиер на оваа операција.
Ова го изјави на денешната прес-конференција премиерот Никола Груевски посочувајќи дека лицето, како што вели, Зоран Заев најпрвин се обидува да изнуди техничка влада, користејќи закана дека ќе го објави овој материјал за подоцна, откако уцената ќе се одбие, да ја реализира заканата.Директните извршители, според премиерот Груевски, се уапсени, а за еден од нив кој во целост го признал делото, како што денеска објавија медиумите, судот веќе изрече казна. За останатите, рече, ќе следи судска постапка.



