МК Сцена
Меморија со „Дирлада“ најавија добро дружење, песна, музика и забава (ФОТО)
Денес, 25 мај, некогашниот Ден на младоста, не случајно симболично беше одбран за втората и последна ПРЕСС конференција на групата „Меморија“ која се одржа на терасата на скопскиот хотел „Парк – 4“, на која беа соопштени сите детали за концертениот спектакал под отворено небо кој ќе се одржи на 11. јуни на стадионот на АРМ во Градскиот парк во Скопје.
Замислен како голема заедничка „рок ен рол матурска забава на генарациите“, на ПРЕСС конференцијата беше соопштена конечната програма, која ќе се одвива пред почетокот и за време на концертот, а со тоа беа највени и специјалните гости и нивните изведби.
По официјалното отворање на пресот, лидерот на бендот Петар Георгиевски-Камиказа обзнани дека за прв пат на еден концерт во Македонија се подготвува посебна трибина, односно платформа за лицата со телесни инвалидитети и попречености, за да можат и тие на достоен начин оод потребното ниво да го следат концертот. Потег што беше поздравен од претставниците на „седмата сила“, а реализацијата на целата иницијатива покрај членовите на бендот, односно организаторот, ја презема здружението „Мобилност“, чии преставници се заблагодарија на идејата и иницијативата.





