Актуелно
Студентскиот пленум ја прекинува автономната зона – од утре студентите на настава
Студентскиот пленум ќе ја прекине автономната зона на факултетите во земјата, откако вчера беше постигнат договор за нов закон за високо образование.
На настава студентите ќе можат да се вратат од утре, на оние факултети каде што имаше комплетен бојкот на наставата.
– По вчерашата одржана средба во Ректоратот, на која присуствуваме, на Генералниот пленум одлучивме по постигнатиот договор да ја прекинеме нашата окупација и да ги ослободиме факултетите и тие да се вратат на формалната настава. Мора да се каже дека власта односно надлежните ретерираа во својот став и попуштија на нашите барања, изјави денеска Стефан Видиков, од Студентскиот пленум.


