Актуелно
Груевски: „Ова не е македонско-албански судир, туку судир на лица кои не и сакаат добро на државата“
Македонската полиција изведе високо професионално патриоска и херојска акција со која успеа да ги неутрализира терористите кои планираа масовни убиства во Македонија со цел нејзина дестабилизација, изјави попладнево премиерот Никола Груевски.
Во досега најтешката, најсложената и најкомплицираната операција на полицијата, наведе Груевски, животот го загубија осум полицајци, кои со нивните колеги полицајци спречиле убиства можеби на осум илјади луѓе.
Премиерот изрази сочувство до семејствата на загинатите полицајци Сашо Самојловски, Бобан Ивановиќ, Горан Илиевски, Исамедин Османи, Љубиша Арангеловиќ, Горан Стојменовиќ, Жарко Кузмановски и Ненад Серафимовски. – Нивниот патриотизам и херојство ќе биде пример и водилка на многу наредни генерации. Нивната жртва нема да се заборави, рече Груевски.



