Актуелно
ВИДЕО: МВР објави снимки како ги апси терористите
Министерството за внатрешни работи во овој момент може да соопшти дека операцијата во кумановската „Дива населба“ е завршена.
Терористичката група која беше стационирана во неколку објекти и претставуваше закана по безбедноста на граѓаните и на Република Македонија е целосно неутрализирана и елиминирана, изјави денеска Иво Котевки.
Станува збор за една од најопасните терористички групи кои беа закана за целиот регион и која изминативе години беше инволвирана во бројни напади, а нејзините членови беа предмет на меѓународни потерници за најтешки кривични дела.



