ХИТ КОЈ ГО ОСВОИ СВЕТОТ: Новата песна на Адел за една недела продадена во над милиони примероци
Новата песна на британската пејачка Адел, „Hello“ стана прва нумера во светот која во првата недела по објавувањето е продадена во повеќе од еден милион примероци.
Како што соопшти дискографската куќа „Нилсен Мјузик“, за една недела новата песна на Адел е продадена во 1,11 милиони дигитални копии.
Досегашниот рекорд на најдобро продавана песна во првата недела од објавувањето го држеше американскиот рапер Флоу Рајд, чиј хит „Right Round“ достигна продажба од 635.000 примероци.




