Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Македонскиот музички вулкан хит мејкер повтроно изненадува со нови идеи

МК Сцена

Македонскиот музички вулкан хит мејкер повтроно изненадува со нови идеи

Не поминаа ниту 6 месеца од последната негова песна која беше посветена на неговата ќерка, Јордан Митев повторно ја изненади својата публика и слушателите на добрата фолк музика со нова песна и ново видео овој пат со наслов “Ех што имам брачеди”.

Пејачот и кантавтор кои многумина го нарекуваат вулканот на македонската музичка и хит мејкер во последниот проект во 3 минути и 40 секунди ја претстави речиси целата македонска традиција и култура каде пее за фамилијарните вредности и почитта кон фамилијарното стебло, македонските народни инструменти, традиционалната храна и македонските народни носии од повеќе региони на Македонија.

Маркетинг

Песната со наслов “Ех што имам брачеди” официјално беше промовирана за Велигден и со тоа што веќе е неколку дена во етер има одлични реакции од страна на слушателите на фолк музика.

Видеото е снимано во селото Лесново во близина на Лесновскиот манастир и во него се појавуваат десетици статисти кои заедно создаваат една ведра и пријатна за уво и око македонска разгледница.

Оваа година 2025 Јордан Митев заокружува 20 години работа на македонска сцена и од него се очекуваат уште неколку нови проекти во текот на годината а можно е и крајот на годината да направи еден концерт во Скопје.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.