Актуелно
ХОРОР ВО ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА: Мртво новороденче пронајдено во тоалет
Мртво новородено бебе покриено со пелени било пронајдено во тоалетот на интерното одделение во Болницата во Тетово, соопшти денеска МВР.
Бебето синоќа околу 22 часот го пронашол дежурниот лекар во болницата Н.А., по што веднаш пријавил во полиција.
Јавен обвинител, увидна екипа од СВР Тетово и доктор по судска медицина извршиле увид на местото на настанот, а телото на новороденчето е однесено на одделението за судска медицина.



