Актуелно
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончев ден и појава на слаба утринска магла
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб променлив ветер. Наутро ќе има услови за појава на слаба магла понекаде во речните долини.
Утринската температура ќе се движи од минус шест до три, а дневната од 16 до 22 степена.
Во Скопје слично време, сончево со слаб променлив ветер, а наутро со услови за појава на слаба магла. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до 18 степени.



