Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ХУМАНА ТРАДИЦИЈА: Скопјани даруваат крв по повод празникот Голема Богородица

Вести

ХУМАНА ТРАДИЦИЈА: Скопјани даруваат крв по повод празникот Голема Богородица

Општинската организација на Црвен крст – Центар во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и оваа година по 15-ти пат ја реализира традиционалната крводарителска акција по повод празникот Голема Богородица.

Акцијата се одржува денес, од 9 до 17 часот во Домот на АРМ.

Инаку оваа крводарителска акција има долга традиција со голем одзив од страна на граѓаните на Скопје.

Маркетинг

Софија Стојановска, претставник на општинска организација на Црвен крст – Центар потенцира дека веќе 15 години, околу 150 крводарители постојано се приклучуваат на акцијата. Има сѐ  повеќе млади луѓе, првократни дарители.

– „Оваа акција веќе 15 години по ред покажува резултати на голема хуманост на граѓаните на град Скопје. Во 2003-та година, кога за првпат беше организирана, бројката на крводарители беше 146, додека како резултат на нејзината традиција и препознатливост, во 2016 година 214 граѓани ја покажаа својата хуманост со дарување на крв.“ – вели Стојановска.

Лани на акцијата биле собрани 214 крвни единици, а од Црвен крст – Центар се надеваат дека таа бројка годинава ќе се зголеми.

Вкупната бројка на реализирани крвни единици за изминатите 14 години е 3.234 крводарувања, или во просек 231 крводарител по акција.

Софија изразува надеж дека скопјани и сите посетители на главниот град ќе даруваат крв.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.