Вести
За празничниот викенд 17 повредени во 28 сообраќајки во Скопје
Седумнаесет лица се полесно повредени во 14 од 28 регистрирани сообраќајни несреќи во изминатите четири дена на подрачјето на СВР Скопје.
Сообраќајната полиција во петокот извршила увид на девет сообраќајни незгоди, од кои во шест со полесни повреди се здобиле шест лица.
Девет сообраќајки имало и во саботата, при што во четири полесно се повредени четири лица, а во останатите е причинета материјална штета.



