Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Интензивиран сообраќајот надвор од градските средини

Актуелно

Интензивиран сообраќајот надвор од градските средини

Сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, соопшти АМСМ.

Забраната за сообраќај поради свлечиште на патниот правец А-3 Ресен – Прилеп, обиколница на Битола, е укината и сообраќајот е нормализиран за сите видови моторни возила. Нормализиран е и сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес откако одронот е исчистен. Од превентивни причини, сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 500 метри, за што е поставена соодветна сообраќајна и светлосна сигнализација.

Иако сообраќајот се одвива по преежно суви коловози, АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.