Вести
Скопјани „мрднаа со прст“ и го исчистија скопскиот аквадукт
Викендов во Скопје во рамките на кампањата „Мрдни со прст“ педесетина граѓани се организираа и собираа отпадоци околу Скопскиот Аквадукт во Визбегово, археолошки локалитет кој претставува една од позначајните знаменитости на градот. На акцијата за чистење на Аквадуктот на граѓаните им се приклучија и Националниот младински совет (НМСМ) и Сојуз на извидници на Република Македонија.
Проблемот со отпадоци околу Скопскиот Аквадукт беше пријавен од страна на неколку граѓани на мапата на веб страната www.mrdnisoprst.mk, која во последниот месец прими повеќе од 50 пријави за различни проблеми на различни локации низ целата земја.
Неколку од проблемите кои беа пријавувани од страна на граѓаните се веќе поддржани во рамките на кампањата „Мрдни со прст“, преку разни акции реализирани во соработка со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и локални граѓански иницијативи во градовите низ земјава.





