Вести
Изборен молк, гласаат дијаспората, болните и затворениците
Во пресрет на неделните предвремени парламентарни избори во Република Македонија, четврти во низа, денеска е предизборен молк. Дваесетдневната изборна кампања заврши ноќеска на полноќ. Гласање денеска, според македонското изборно законодавство, се спроведува во дијаспората, за пријавените болни и изнемоштени лица и за затворениците и лицата во притвор.
Избирачките места се отворени во 7:00 часот, а гласањето завршува во 19:00 часот. Во дијаспората тоа ќе се спроведува по локално време.
На изборите учествуваат 11 политички субјекти: шест политички партии и пет коалиции со 58 листи на кандидати.



